Попладнево цело Скопје остана во мрак порадни прекин во снабдувањето со електрична енергија. По 20 минути, струјата се вклучи повторно, но набрзо пак ја снема. За исклучувањето немаше никакви најави, а од ЕВН велат дека не станува збор за проблеми на нивната мрежа или рестрикции.
Од ЕВН засега нема информации што е причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија.
Неофицијално, станува збор за експлозија на трафостаница на МЕПСО.
