Таа северноевропска земја, граничи со Русија, беше неутрална за време на Студената војна и вчера потпиша договор за купување на 64 авиони на Локхид Мартин во вредност од 9,4 милијарди долари. Иако авионите нема да бидат во употреба уште неколку години, според Финска до 2027 година, договорот укажува на растечката соработка меѓу Финска и западната воена алијанса.
Владата во Хелсинки објави дека одлуката за купување американски авиони, објавена во декември, е дел од долгорочниот план за зајакнување на одбранбениот систем на земјата, а не одговор на актуелните спорови меѓу Западот и Русија околу Украина. Русија испрати повеќе од 100.000 војници во близина на границата со Украина, што предизвика стравувања во западните земји дека планираат напад.
Москва негира дека планира инвазија, но вели дека би можела да преземе одредени „воено-технички“ мерки доколку нејзините барања не бидат исполнети. Меѓу нив е и ветувањето дека НАТО нема да прифати нови членки и дека западните сили ќе се повлечат од Источна Европа. Финската премиерка Сана Марин во јануари изјави дека земјата во моментов не планира да се приклучи во НАТО, но го задржува правото.
