Во акцијата беа уапсени две лица, Илја Лихтенштајн и неговата сопруга Хедер Морган – двајцата наводно „испрале” 119.754 украдени биткоини откако хакер упаднал во системите на „Битфинекс”.
Денешните апсења, кои претставуваат најголема финансиска заплена досега, покажуваат дека криптовалутите не се безбедно засолниште за криминалците, истакна заменик-државната обвинителка Лиза Монако.
Двојката може да биде осудена на затворска казна од 20 години затвор.
