8.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Еве каков ефект има мини дипломатската турнеја на Макрон

Дали и колкав напредок е постигнат по средбите со Путин и Зеленски, останува докрај нејасно, особено откако Москва негираше дека францускиот претседател добил некакви ветувања од рускиот лидер. Синоќа од Берлин Макрон, германскиот канцелар Шолц и полскиот претседател Дуда ја повикаа Русија да ја деескалира ситуацијата на украинската граница и преку декларација предупредија дека во случај на агресија, Москва ќе плати висока цена.

-Наша заедничка цел е да спречиме војна во Европа. Распоредувањето на руските војници на границата со Украина е многу загрижувачко и нашата проценка за ситуацијата е иста, како и нашиот став. Понатамошното нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е неприфатливо и би имало далекусежни последици за Русија – политички, економски и секако геостратешки., изјави Олаф Шолц, канцелар на Германија

Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО, Столтенберг негираше дека постои некаков потпишан документ за неширење на НАТО на исток, на кој Русија постојано инсистира. Во интервју за црногорската телевизија Вијести тој го реафирмираше ставот дека вратата за влез во алијансата останува отворена за идни членки. По предупредувањето на американскиот претседател Бајден дека нема да дозволи гасоводот „Северен поток 2“ да биде пуштен во употреба, ако Русија влезе во Украина, од Москва стигна порака. Постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чизов за РИА Новости рече дека во тој случај, Москва ќе најде други купувачи за гасот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести