-4.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Еве зашто Украина е толку важна

Додека растат тензиите дали Русија се спрема за напад на Украина, многумина се прашуваат зошто баш оваа држава има толку големо значење.

Постојат неколку причини зошто Русија и западните земји се подеднакво заинтересирани за оваа земја, пред се САД и членките на ЕУ, но и Северноатлантската алијанса, која сака оваа земја да стане членка на НАТО.

„Клучната работа што треба да се има на ум е дека Русија не може да биде во Европа без Украина да биде во Европа, исто како што Украина не може да биде во Европа без Русија. Украина да се вклучи во проширувањето на европските структури. И навистина, односот на Украина со Европа може да биде пресвртница за самата Русија“, рече американскиот геостратег Збигњев Бжежински.

Но зошто е толку важна Украина може да се погледне според ресурсите кои ги поседува.

Украина е на прво место во Европа по докажани резерви на руда на ураниум, а второ место во Европа и десетта во светот по резерви на титаниум.

Државата го држи и второто место во светот по истражени резерви на манганска руда (2,3 милијарди тони или 12% од светските резерви), како и второто место по големината на светските резерви на железна руда (30 милијарди тони).

Украина исто така е на второ место во Европа по резерви на живи руди и трето место во Европа (13-то место во светот) по резерви на гас од шкрилци (22 трилиони кубни метри).

Понатаму таа е на четврто место во светот по вкупната вредност на природните ресурси, а седмо место во светот по резерви на јаглен (33,9 милијарди тони).

Покрај нејзините приоритетни ресурси, Украина е и голема земјоделска земја. Тоа го докажуваат овие податоци дека таа земја може да нахрани 600 милиони луѓе.

Украина е прва во Европа во однос на обработливото земјиште, а трета во светот во областа на црна почва (25% од светскиот волумен).

Првото место го држи и по извозот на сончоглед и сончогледово масло, а второ место во светот по производство на јачмен и четврто место во извоз на јачмен.

Украина е трет  најголем производител и четврт најголем извозник на пченка во светот, но и четврт најголем производител на компири во светот.

Земјата е петти најголемпроизводител на ‘рж во светот. Исто така Украина го држи осмото место во светот по извоз на пченица.

Таа е и деветта во светот во производството на пилешки јајца, а 16 место во светот по извоз на сирење.

Украина е индустријализирана земја.

Прва е  во Европа во производството на амонијак, а втора во Европа и четврта во светот според гасоводниот систем за природен гас (142,5 милијарди кубни метри гас капацитет во ЕУ);

Воедно Украина е во топ 3 најголеми во Европа и осма во светот светот по инсталирана моќност на нуклеарните централи.

Трето место Европа и 11-то во светот по должина на железничката мрежа (21.700 km);

Трето место во светот (по САД и Франција) во производство на локатори и опрема за лоцирање;

Украина е трет најголем извозник на железо во светот, а четврт најголем извозник на турбини за нуклеарни централи во светот.

Земјата е на осмо место во извоз на руди и концентрати, а деветто  место во светот по извоз на производи од одбранбената индустрија. Таа е  10-ти најголем производител на челик во светот (32,4 милиони тони).

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести