2.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Шолц: Понатамошното кршење на територијалниот интегритет на Украина би било неприфатливо, а последиците од овој чин би биле политички

„Понатамошното кршење на територијалниот интегритет на Украина би било неприфатливо, а последиците од овој чин би биле политички, економски и секако геостратешки“, рече германскиот канцелар пред вечерната средба со лидерите на Франција и Полска.

Во исто време, Шолц ја истакна потребата од натамошни преговори. „Нашата заедничка цел е да го спречиме избувнувањето на војна во Европа“, рече Шолц по враќањето од Вашингтон, каде што разговараше за Украина со американскиот претседател Џо Бајден.

Францускиот претседател Макрон, кој пристигна во Берлин по разговорите во Москва и Киев, исто така нагласи дека Франција, Германија и Полска ја следат истата цел, а тоа е да се спречи војна. „Дијалогот со Русија е единствениот начин што ќе ни овозможи да обезбедиме мир во Украина“, рече Макрон. Полскиот премиер рече дека Европа е во најтешката ситуација од промените во 1989 година.

„Она што го имаме во моментов е невидена концентрација на руски војници долж границата со Украина. Во исто време, голем број руски војници се во Белорусија каде што се одржуваат маневри до 20 февруари. Сите се прашуваме што ќе се случи после тоа“, изјави Дуда. И тој е на мислење дека треба да се направи се` за да се избегне војна. Но, тој истакна дека Европа сега мора да покаже единство.

„Најважно е единството и солидарноста. Мораме да покажеме дека зборуваме во еден глас, дека сме заедница и дека не можеме да бидеме разделени. И според мене, мора да покажеме дека нема да направиме ниту еден чекор.“ изјави полскиот премиер.

Средбата на тројцата државници, како што е најавено, служи за усогласување на ставовите во рамките на Европската унија за украинската криза. Состанокот на лидерите на Франција, Германија и Полска наречен „Вајмарски триаголник“ последен пат се одржал пред единаесет години

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести