20.8 C
Skopje
четврток, ноември 19, 2026

ЕВЕ ЗОШТО СЕКОЈ МИЛЕНИК СПИЕ СКЛОПЧЕН

Иако безусловно не сакаат мора да се чуваат.

Некои однесувања на нашите миленичиња длабоко се вкоренети во еволуцијата, па така и ова, кое датира од времето кога не било нормално кучињата да живеат со нас и спијат на кауч.

Често велиме дека кучето е најдобар пријател на човекот. Меѓу другото затоа што со своето необично и разиграно однесување умеат да не насмејат и развеселат, понекогаш умеат да бидат и помалку чудни, кога ќе ја наведнат главата или додека им зборуваме или кога ќе почнат весело да се тркалаат во трева.

Меѓутоа, постојат и оние вродени навики на однесување за кои стручњаците имаат научни објаснување. Сигурно сте забележале дека кучето лежи склопчено пред да заспие. Ако мислите дека тоа е фаќање комотна позиција, не сте во право.

Имено, др. Маргарет Груен, асистентка на бихејвиоларна медицина на Ветеринарски факултет при Државниот универзитет NY State”, вели дека тоа влече корени во еволутивниот развој на кучето.

Кога кучињата спијат во дивина, посебно каде што е доста студено, тие ќе ископат дупка во земјата и ќе се склопчат во неа. Телото свиткано како топка им овозможува подобро да ја задржат топлината.
Исто така оваа позиција ги штитат нивните најранливи органи од потенцијалнте предатори – објаснува др. Груен.

Секако, на луѓето ова им звучи необично, бидејќи знаат дека нивниот миленик не е во опасност, но од кучешка гледна точка, тоа е разумна тактика која ја наследиле од претците. Постои уште една причина за која се мисли дека има повеќе смисла, а тоа е дека миленикот се вгнездил на таков начин генерално да се заштити од надворешни закани. За нив сонот е состојба во кои се ранливи, па така се штитат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести