Неименуваниот маж ја убил Мона Хејдара (17) во Ахваз во југозападниот дел на земјата, а потоа со часови ја носел главата низ улиците.
Несреќната млада жена побегнала во Турција кога нејзиното семејство открило дека имала афера. Татко и` и брат и` ја нашле и ја вратиле во Иран, каде што ја убил сопругот.
Девојчето имало само 12 години кога се омажило за маж кој бил и нејзин братучед, а парот има тригодишен син. Иранскиот закон, инаку, дозволува девојчињата да стапуваат во брак на само 13 години.
Властите ги уапсиле нејзиниот сопруг и неговиот брат под обвинение дека ја убиле Мона поради одмазда затоа што го изневерувала сопругот и побегнала од него. Полицијата не ги соопштила имињата на мажите.
На социјалните мрежи се појави грозоморна снимка од маж како се насмевнува и во едната рака држи нож, а во другата женска отсечена глава.
„Убиството од чест“ е практика што постои во Иран и другите муслимански земји каде што е на сила шеријатскиот закон. Членовите на семејството го убиваат оној кој наводно му донел срам на семејството, а тие убиства најчесто минуваат неказнети.
Во јуни 2020 година, Рејхане Амери (22) била претепана до смрт од нејзиниот татко со метална шипка, а истата недела, 19-годишната Фатемех Барахи била убиена од нејзиниот сопруг затоа што побегнала од него два дена откако ја принудиле да се омажи за него. Нејзиниот сопруг и ја отсекол главата. Во мај 2020 година, таткото ја отсекол главата на 13-годишно девојче додека спиело, тврдејќи дека го засрамила.
Иако точниот број на овие „убиства од чест“ е непознат, а иранските власти проценуваат дека овие убиства сочинуваат околу 20 отсто од сите убиства.
