-1.2 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Во Џенова запленети се над 400 килограми кокаин, пронајден е заклан морнар државјанин на Србија

Во Џенова запленети се над 400 килограми кокаин, кој бил скриен во контејнер во кој имало кафе од Бразил, а на бродот „МСЦ Аделаида“ покрај дрогата, пронајден е и заклан морнар (50), државјанин на Србија, јавува Џенова24.ит.

Според италијанските медиуми, на бродот биле запленети точно 445 килограми кокаин.

MSC Adelaide, Brod Adelaide, Adelaide, Ubijen Srbin, zaplena kokaina, Đenova, brodski kontejneri

– Товарниот брод вплови во пристаништето во Џенова во неделата. Со детален преглед е утврдено дека дрогата се наоѓа во контејнер во кој имаше кафе, имаше речиси 450 килограми дрога, која беше обложена во некои кеси, пренесуваат тамошните медиуми и додаваат:

– Инспекторите уапсија двајца мажи, кои ги најдоа на бродот. Станува збор за Кулмва Камала и Фабио Папе. Еден од нив беше фатен како зема кеси од контејнер кој беше поставен во просторот за видео-надзор. Вредноста на запленетата дрога на пазарот би била 30 милиони евра.

MSC Adelaide, zaplena kokaina, Đenova, Ubijen Srbin, Brod Adelaide, kokain, brodski kontejneri, brod

Италијанските медиуми пишуваат дека по контролата на бродот е пронајдено и тело на Србин.

– Заклан е српски морнар, му го пресекле грлото. Наредена е обдукција на Србинот, по што ќе се знае како е заклан – пишува Џенова24.ит.

Италијанските медиуми наведуваат дека се истражува смртта на Србинот, а не е исклучена можноста тој да се самоубил. Но, сомнително е што оружјето не е пронајдено покрај телото.

– Оружје, нож или можеби секачот со кој му е пресечено грлото на морнарот не е пронајдено, а неговите колеги од бродот во полиција изјавиле дека најверојатно се самоубил. Овие нивни наводи детално се проверуваат, пишуваат медиумите.

Според медиумите, истрагата е во тек.

– Истрагата на обвинителот, координирана од заменик-обвинителот Федерико Маноти, продолжува, а во моментов е во тек потрагата по соучесници. Бродот ќе остане закотвен во пристаништето неколку дена, за да се овозможи истрагата, додаваат оттаму.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести