Во Џенова запленети се над 400 килограми кокаин, кој бил скриен во контејнер во кој имало кафе од Бразил, а на бродот „МСЦ Аделаида“ покрај дрогата, пронајден е и заклан морнар (50), државјанин на Србија, јавува Џенова24.ит.
Според италијанските медиуми, на бродот биле запленети точно 445 килограми кокаин.

– Товарниот брод вплови во пристаништето во Џенова во неделата. Со детален преглед е утврдено дека дрогата се наоѓа во контејнер во кој имаше кафе, имаше речиси 450 килограми дрога, која беше обложена во некои кеси, пренесуваат тамошните медиуми и додаваат:
– Инспекторите уапсија двајца мажи, кои ги најдоа на бродот. Станува збор за Кулмва Камала и Фабио Папе. Еден од нив беше фатен како зема кеси од контејнер кој беше поставен во просторот за видео-надзор. Вредноста на запленетата дрога на пазарот би била 30 милиони евра.

Италијанските медиуми пишуваат дека по контролата на бродот е пронајдено и тело на Србин.
– Заклан е српски морнар, му го пресекле грлото. Наредена е обдукција на Србинот, по што ќе се знае како е заклан – пишува Џенова24.ит.
Италијанските медиуми наведуваат дека се истражува смртта на Србинот, а не е исклучена можноста тој да се самоубил. Но, сомнително е што оружјето не е пронајдено покрај телото.
– Оружје, нож или можеби секачот со кој му е пресечено грлото на морнарот не е пронајдено, а неговите колеги од бродот во полиција изјавиле дека најверојатно се самоубил. Овие нивни наводи детално се проверуваат, пишуваат медиумите.
Според медиумите, истрагата е во тек.
– Истрагата на обвинителот, координирана од заменик-обвинителот Федерико Маноти, продолжува, а во моментов е во тек потрагата по соучесници. Бродот ќе остане закотвен во пристаништето неколку дена, за да се овозможи истрагата, додаваат оттаму.
