6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Новак Ѓоковиќ на средба со Вучиќ

На лидерот во светскиот тенис пред две недели не му беше дозволено да настапи на првиот грен слем во 2022 година во Австралја.

Ѓоковиќ дури беше притворен во Мелбурн, а потоа и депортиран од Австралија. Во тие моменти тој неколку пати се слушнал телефонски со српскиот претседател Вучиќ.

-Кој и да дојде кај мене, најголемите државници на светот, сите сакаа да го видат Новак. Сето ова кажува колкава ѕвеза сте  и што претставувате за граѓаните на Србија и што ќе правите во иднина. Со Новак зборувавме рано наутро, му реков „Врати се Новаче, што ќе правиш таму“. И тогаш видов колку човек е упорен и подготвен да се бори на спортски терен, не само за себе туку и за својата земја. Кога Медведев рече дека го убиле момчето во него, многумина се обидоа да убијат многу срца на многу момчиња, но неговото срце сега чука многу посилно – изјави Александар Вучиќ.

Потоа Новак им се заблогадарил на граѓаните на Србија за поддршката.

– Благодарам за добредојде. Денеска сакав да ве видам како граѓанин на Србија, за да ви се заблагодарам за поддршката, како и на сите институции за време на немилите настани во Австралија. Иако бев во притвор, не се чувствував осамен, имав поддршка од семејството, пријателите, целиот српски народ, многу добронамерни луѓе од целиот свет кои се обидоа да ми го олеснат и личен престојот во Австралија, што беше неочекувано. Немавте обврска да давате поддршка, но сакам да знаете дека чувствувам голема благодарност што застанавте за мене, се ставивте во компромитирачка ситуација. Тоа е ценето и почитувано, долго ќе го паметам и мојата врска и мојот однос кон српскиот народ од ден на ден се се посилни. Бидејќи не се огласив, ве молам бидете трпеливи, во следните седум до 10 дена подетално ќе се осврнам на се што се случуваше во Австралија, изјавил најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на средбата со српскиот претседател Вучиќ. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести