Веста дека Цеца и Богдан Срејовиќ раскинале, ги изненади сите. После една година љубов, парот одлучил да стави точка на врската, а причината за тоа наводно, емоциите исчезнале.
– Повеќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крај на животот – соопштиле бившите партнери.
Богдан бил втор дечко кој Цеце јавно го покажала, откако во 2001. година останала вдовица бидејќи нејзиниот сопруг Жељко Ражнатовиќ бил убиен.
Жељко и Цеца биле во брак 6 години, а пејачката секогаш истакнувала дека никој и никогаш нема да го сака како него.
Девет години после убиството на сопругот, Цеца за јавноста открила дека ужива во љубов со манекенот Владимир Цветковиќ. Нивната врска траела само шест месеци.

Иако околу пејачката честопати се зборувало за новите љубови, поврзувајќи ја со Владо Вуксановиќ. Андреја Кулунџија но и со манекенот Александар Јовановиќ, таа никогаш не го потврдила тоа.
После Владо, единствено во јавноста само Богдан го претставила како нов дечко. Нивната љубов траела една година.
