Вакцината била одобрена за итна употреба уште во декември 2020 година, а Модерна во август минатата година објави дека процесот на аплицирање за целосно одобрување на вакцината е завршен.
Вакцините Pfizer и BioNTech добија целосно одобрение во САД минатата година. Вакцината на Модерна е одобрена за употреба во повеќе од 70 земји, вклучително и Канада и членките на Европската унија, објави Си-Ен-Ен.
