Ова за Курир го потврдил директорот на Институтот за мајка и дете во Белград, д-р Радоје Симиќ.
„Со сите напори на лекарот, во 19 часот и 56 минути почина девојчето Д.Р. кое беше повредено во пожарот во опожарената соба во село Грабовац“, изјави д-р Симиќ.
Девојчето се здобило со тешки изгореници во креветот кога се запалило ќебето кое било недалеку од шпоретот.
Било пренесено во Институтот за мајка и дете, а лекарите се бореле за нејзиниот живот, но за жал ја загубиле битката, пишува српски Курир.
