Во првиот циклус, на компаниите ќе им биде одобрено да извлечат 100.800 тони ретки минерали, што е за петтина повеќе отколку на почетокот на 2021 година.
Кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија и Министерството за природни ресурси поставија и квота за топење и екстракција на ретки минерали од 97.200 тони, што е исто така за 20 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.
Квотите ќе бидат распределени меѓу четирите водечки рударски компании.
Кина е светски доминантен производител на ретки минерали, група од 17 минерали кои се користат во електрични возила, потрошувачка електроника и воена опрема.
