21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Ќе се продава Титовата Вила, за над 800.000 евра

Се продава вила Конен во Сплитската Алеја на Палиќ, попозната како „Титовата вила“.

Изградена е во 1903 година, а од 1946 година се користелаа за општински потреби, а во 50-тите години го носела името на поранешниот претседател на поранешна Југославија.

Во неа престојувале многу културни творци. Имало писатели и таму ги создале своите дела, со обврска оригиналниот ракопис да и го остават на Градската библиотека во Суботица. Во оваа вила се напишани романите на Добрица Ќосиќ – „Поделби“ и „Корени“, пишува порталот Град Суботица.

Вилата е со површина од 234 метри квадратни, дизајнирана од Ференц Рајхл, но, за жал, подлегнала на забот на времето и има потреба од реновирање.

Има класични прозорци, теписи на подот и таван на таванот. Таваните се високи 3,5 метри, а вилата има трифазна струја, градска вода, но и септичка јама.

Вилата е различна од сите други во Палиќ, се издигнува на парцела од 4.233 метри квадратни, скриена меѓу боровите во паркот.

Цената на која е огласена изнесува 800.000 евра.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести