4.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ВМРО ДПМНЕ: Преку ЈП Градски паркинг со години паркинг не плаќале функционери на СДСМ и ДУИ, ако продолжат да молчат ќе ги објавиме регистарските таблички

Сопштение до јавност – реакција на прес конференцијата на Лилјана Божиновска

ЈП Градски паркинг со години било претворено во партиски штаб на Демократски сојуз, од каде обезбедувале привилегии во вид на службени возила, телефони и простории за луѓе блиски до нив.

Директори, министри, функционери и разни раководни кадри од власта со години паркирале бесплатно низ Скопје, со што користеле повластена позиција во однос на граѓаните кои плаќале паркинг и со свој џеб ги финансирале овие партиски кадри и функционери.

Борче Јакимовски,член на претседателството на ДС на Павле Трајанов, треба да каже дали со години од плаќање за паркинг ослободувал функционери на СДСМ и ДУИ?

Дали од плаќање паркинг биле ослободени возилата на шефот на кабинет на Димитар Ковачевски, Мартин Попов, поранешниот директор на водовод Душко Вескоски, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, па и поранешниот градоначалник на Аеродром Златко Марин, како и други функционери од СДСМ. Дали е ослободен од плаќање и Агим, зад чиешто име стои името на Артан Груби?

Дали овие државни функционери назначени од СДСМ и ДУИ ги краделе граѓаните преку бесплатен паркинг за нив и нивните семејства? Доколку поранешниот директор Борче Јакимовски, ДС и СДСМ молчат јавно ќе ги објавиме регистарските таблички на функционерите кои биле ослободени од плаќање на паркинг, а за нив

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести