„Потребна ни е силна Европа која може да одговори на климатските, технолошките, дигиталните предизвици, потребна ни е независна Европа која сама ќе одлучува за својата иднина и нема да зависи од други сили“, изјави Макрон пред европратениците на пленарна седница во Стразбур.
Приоритети на француското претседателство се реформите во Шенген зоната, заштитата на границите и борбата против илегалната миграција, зелената и дигиталната транзиција, како и Западен Балкан.
„Не смееме повеќе да се дистанцираме од Западен Балкан. тие треба да ни дадат јасна перспектива за влез во ЕУ во разумен рок“, рече Макрон.
