4.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Еве кои ја предал Ана Франк

Истрагата на холандските власти за предавството на Ана Франк го идентификуваше осомничениот за смртта на една од најпознатите еврејски жртви на холокаустот.

Нејзиното скривалиште го открил еврејскиот нотар Арнолд ван дер Берг, според тимот во кој бил пензионираниот агент на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) Винсент Панкок и околу 20 историчари, криминолози и експерти за анализа на податоци, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 75 години откако нацистите упаднале во нејзиното скривалиште во Амстердам, истражувачите заклучија дека е „многу веројатно“ Ван дер Берг да го предал семејството Франк за да го спаси сопственото семејство, изјави за дневниот член на истражувачкиот тим Питер ван Твиск.

Како што беше најавено, обидот за идентификување на предавникот не бил со цел да доведе до кривично гонење, туку да се реши една од најголемите нерешени мистерии во Холандија за време на Втората светска војна.

Користејќи голема количина на техника за анализа на податоци, била составена главна база на податоци со списоци на нацистички соработници, информатори, историски документи, полициски записи и претходни истражувања за да се откријат нови индиции.

На картата се визуелизирани десетици сценарија и локации на осомничените за да се идентификува предавникот, врз основа на сознанијата за скривницата и мотивот.

Нацистите ја пронашле Ана на 4 август 1944 година, по две години криење.

Мип Гис, еден од оние кои му помогнале на ова семејство, го чувал дневникот на Ана на безбедно место додека таткото на Ана, Ото, не го објавил во 1947 година, две години откако Ана починала во логорот Берген Белсен на 15-годишна возраст.

Нејзиниот дневник е прочитан од милиони читатели ширум светот и е преведен на 60 јазици

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести