8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Еве за кои хороскопски знак 2022 ќе биде пресудна година

Благодарение на положбата на Јупитер, овој хороскопски знак ќе почувствува големо подобрување на квалитетот на животот во текот на 2022 година и сè ќе му оди од рака.

Според зборовите на астролозите, оваа година ќе претставува еден вид пресвртница за – овенот. Експанзивниот Јупитер преминува во вашиот знак на 10-ти мај за првпат во последните 10 години и во тој период неговата активност и влијанието на вашиот знак ќе биде најмоќно.

Јупитер се смета за добра планета, поточно планета на раст и среќни околности. Тој носи храброст за преземање ризици, ги зголемува вашите цели и соништа и тоа ќе трае сè до 28-ми октомври.

Ќе почувствувате наплив на позитивна енергија и ќе бидете подготвени за нови потфати. Доколку веќе некое време размислувате за започнување на сопствен бизнис или промена на работното место, овој период е идеална прилика за тоа.

Позитивното влијание ќе го почувствувате и на полето на љубовта. Овните кои се во врска ќе живеат во вистинска хармонија, додека оние слободните ќе имаат прилика да запознаат интересни личности кои ќе се борат за нивната наклонетост.

Што се однесува до здравјето, и тука ве очекуваат убави вести. Поради поволната положба на Јупитер, ќе бидете поштедени од поголеми здравствени компликации.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести