12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Навални: „Го направив тоа и не жалам ниту една секунда“

„Го направив тоа и не жалам ниту една секунда“, напишал Навални на социјалните мрежи, алудирајќи на неговата борба против Кремљ и неговото враќање во земјата и покрај можноста за апсење по закрепнувањето во Германија од труењето.

„По една година затвор, ви го кажувам тоа што тогаш им го кажав на приврзаниците на судот: не плашете се“, додаде Навални во објавата со фотографија со сопругата Јулија.

На 17 јануари 2021 година, руската полиција го уапси Навални на московскиот аеродром Шереметјево, набргу откако слета со авион од Германија каде што неколку месеци се лекуваше од труење со нервен отров, за што ги обвини руските власти. Навални денеска се појави на суд за да разгледа две тужби против управата на затворот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести