9.8 C
Skopje
понеделник, март 25, 2024

ЌЕРКАТА НА АРКАН ЈА НАПАДНА ЦЕЦА: Жељко не беше само нејзин маж туку и наш татко…

Во саботата се навршија 22 години од убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан. Неговото семејство како и секогаш отиде на гробиштата и одржа помен.

Присутни беа неговите деца од бракот со Светлана Цеца Ражнатовиќ Вељко и Анастасија, додека останатите во тоа време не дојдоа. Не присуствуваше ниту Софија Ражнатовиќ која живее во Белгија. Два дена по поменот, таа стапила во контакт со редакцијата на Курир и открила некои засега непознати детали од односот со нејзиниот покоен татко.

Ќерката на Аркан, која тој ја добил со социјалната работнича која се грижела за него додека бил во белгискиот затвор, се осврна и на нејзиниот однос со фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, со која вели дека е тешко да се разговара за поделбата на имотот.

– Роден сум во Гент, а не во Брисел и живеам во таа област. Во животот на татко ми бев присутна уште од дете. Родена сум во 1979 година и мајка ми од раѓањето ме носеше во затворот кај татко ми. Кога бев на одмор често доаѓав кај баба ми и тетка ми во Србија. Татко ми Аркан во еден момент исчезна од животот на мајка ми и таа повеќе не се слушна со него, изјавила на почетокот Софија, која рекла дека ја повредиле написите дека нејзиниот татко за неа дознал дури во 1991 година.

– Тато редовно ми испраќаше фотографии. Кога се ожени со Цеца, мајка ми му испрати честитка и му посака се најдобро. Тогаш имав околу петнаесет години. Тогаш и дознав дека тој е мојот биолошки татко. Од 1995 година често доаѓав во Белград и го поминував времето со татко ми и неговата сопруга Цеца и другите членови на семејството – изјавила Софија.

Таа вели дека присуствувала на погребот на нејзиниот татко.

-Бев со Борислав Пелевиќ. Често доаѓав на помените, особено по 2010 година. Никогаш не се криев од медиумите, за жал, новинарите само сакаа да ја снимаат Цеца и нејзините деца. Не ја сакам неправдата и се надевам дека ќе напишете каква е вистината. Ние, сите седум деца на Аркан без Анастасија и Вељко, бидејќи беа многу мали, многу страдавме поради загубата на татко ни. Се обидовме да бидеме силни и да се бориме за она што ни припаѓа. За жал, ништо не добивме за возврат, тврди Ражнатовиќ.

Veljko Ražnatović, Ceca Ražnatović, Arkan, Pomen, Sofija Ražnatović, Anasta

Таа вели дека денес не е во коректни односи со фолк ѕвездата:

– Многу ми е жал што со Цеца не може да се водат рзговори како со сериозна, одговорна личност и отворено да се каже што навистина се случи по смртта на татко ми. Ние го сакаме само она што ни припаѓа, а тоа е дел од нашиот татко. Во Европа секој добива дел од наследството кога ќе почине родител. Нашиот живот штотуку започна и ние исто така сакаме да продолжиме понатаму и секое малку е повеќе од добредојдено. Аркан не беше само сопруг на Цеца, туку и наш сакан татко.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести