4.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Вистинска хорор снимка од Белгија, намерно турна жена под воз (ВИДЕО)

Во бриселското метро се снимени шокантни сцени, каде млад маж намерно турнал жена на шините додека возот влегувал во станицата, но, за среќа, машиновозачот успеал да го запре возот во последната секунда.

Жената била турната на шините на станицата Рожер кога метрото влегувало во станицата, но набрзина и помогнале случајни минувачи, потврдиле од бриселската компанија за јавен превоз СТИБ, која управува со метрото во главниот град.

„Возачот реагираше многу добро, но тој е шокиран, како и жртвата“, изјави за Брисел тајмс Гај Саблон, портпарол на СТИБ.

Операторот на метрото, наводно, видел лице на шините и навреме застанал со влечење на сопирачката за итни случаи, како што може да се види на снимката од безбедносните камери.

Во видеото се гледа како насилникот, млад човек, оди напред-назад по платформата, а потоа ненадејно ја турка жената на шините. Други луѓе кои стоеја на платформата и помогнаа на жената да се симне од шините и да се врати на платформата.

На местото на настанот веднаш била повикана полиција и брза помош. Повредената и возачот на метрото се префрлени во болница, а по укажаната неопходна нега на двајцата им било дозволено да се вратат дома.

Инцидентот довел до прекин на сообраќајот на метрото помеѓу станиците Елизабет и Артс-Лои до 20:15 часот.

Насилникот побегнал веднаш откако ја оттурнал жената, но уапсен е, потврдило во саботата Јавното обвинителство на Брисел.

„Благодарение на дистрибуцијата на фотографиите од осомничениот, тој бил пресретнат неколку минути подоцна додека бил на метро станицата Де Брукер“, изјави портпаролката Сара Дурант.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести