5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Од денес ќе се казнуваат невакцинираните граѓани над 60 години

Невакцинираните граѓани во Грција кои се над 60-годишна возраст и досега не примиле барем една доза од вакцината ќе бидат казнети со парична казна од 50 евра за јануари и по 100 евра за секој нареден месец, со оглед на тоа дека од денеска стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација на конкретната старосна група..

Мерката беше соопштена на крајот на ноември, неколку дена подоцна конкретниот амандман го изгласаа пратениците во грчкиот парламент, а предвидува дека „од неопходни причини за заштита на јавното здравје, задолжително се вакцинираат против Ковид-19 сите физички лица со живеалиште или постојан престој на грчка територија, а кои се родени пред 31 декември 1961 година”.

Од задолжителната вакцинација ослободени се оние кои прележале Ковид-19 во последните 180 дена, оние кои се вакцинирале во странство, како и оние кои имаат докажани здравствени причини кои ги спречуваат да се вакцинираат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести