Изминативе неколку недели, како што се истакнува, притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден во една установа.
Во период од 06.08.2021 до 13.01.2022 година на територија на државата како позитивни на КОВИД-19 се тестирани 85.593 граѓанин, од кои 37 отсто биле целосно вакцинирани, односно 32.079 лица. Според статистиката за изминативе месеци, 53.514 граѓани, односно 63 отсто од позитивните на КОВИД-19 не биле вакцинирани. Анализата на Министерството покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.
Во период од 6.08.2021 до 13.01.2022 година 78 отсто од починатите лица со КОВИД-19, биле невакцинирани, а само 22 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, посочуваат од Министерство и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што велат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SARSKоV2.
Активни се 15.228 ковид – случаи во државава од кои најголем број 8333 се во Скопје. Според извештаите од болниците, моментно со КОВИД-19 се хоспитализирани 340 лица, a од нив 81 отсто не се вакцинирани, додека 19 проценти се вакцинирани. Во исто време, 78 отсто од починатите лица од КОВИД-19 биле невакцинирани, а само 22 отсто примиле вакцина, покажува анализата објавена од Министерството за здравство за вакцинирани од позитивните случаи со КОВИД-19 во период од 6 август 2021 година до 13 јануари 2022 година.
Брзо ширење на омикрон сојот на коронавирусот има речиси во сите држави, а експертите предупредуваат дека врвот на инфекцијата допрва доаѓа.
Досега во земјата се направени вкупно 1.692.991 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 241.651, бројот на оздравени пациенти е 218.340, на починати е 8.083.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 108346, Активни 8333
Куманово 13670, Активни 490
Прилеп 11723, Активни 839
Тетово 11653, Активни 206
Битола 10870, Активни 1423
Гостивар 8280, Активни 183
Кавадарци 7913, Активни 407
Велес 7809, Активни 270
Охрид 7345, Активни 535
Штип 7051, Активни 259
Струмица 6583, Активни 267
Кичево 4538, Активни 202
Кочани 4276, Активни 152
Струга 4079, Активни 131
Гевгелија 3222, Активни 249
Неготино 2797, Активни 133
Свети Николе 2227, Активни 66
Крива Паланка 2050, Активни 81
Ресен 2049, Активни 151
Радовиш 1979, Активни 151
Делчево 1565, Активни 86
Берово 1528, Активни 45
Дебар 1474, Активни 15
Виница 1210, Активни 31
Пробиштип 1199, Активни 49
Валандово 1182, Активни 133
Кратово 808, Активни 19
Богданци 749, Активни 56
Крушево 741, Активни 130
Демир Хисар 693, Активни 46
Македонски Брод 579, Активни 32
Демир Капија 451, Активни 15
Македонска Каменица 446, Активни 18
Пехчево 376, Активни 16
Дојран 190, Активни 9