13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Арсовска: За мене е преседан Владата да бара спасител од енергетската криза во Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостувањето во емисијата Клик Плус на ТВ 21, изјави дека за неа е преседан Влада да бара градот да биде спасител на проблемот со енергетската криза.

„За мене е преседан каков што се нема случено, не само во Македонија, туку било каде, Влада да бара градот да ги решава проблемите со недостатокот на топлинска енергија и со ладните радијатори во домовите на граѓаните. Мислам дека сега не е време да се игра со чувствата на скопјани и воопшто не е време да се игра на картата префрлување на одговорноста, која што лично треба да ја понесе за тоа дека не се донела соодветна енергетска стратегија за тоа што да се прави во ситуација на една ваква енергетска и економска криза со каква што се соочуваме. Ние се наоѓаме во ситуација во која Македонија има ниска фискална децентрализација. Треба да им биде јасно на сите дека општините се наоѓаат во незавидна положба. Не е само што имаат долгови и не само затоа што некој претходно недмоќински работел, затоа што и децентралиацијата не е спроведена, затоа што општините немаат финансиска независност, “ – истакна Арсовска.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести