spot_img
-2.2 C
Skopje
четврток, јануари 13, 2022
spot_img

ПАТНИК НАПРАВИ ВИСТИНСКИ ХАОС ВО АВИОНОТ, ГО НАПАДНАЛ ЦЕЛОТ ЕКИПАЖ

Поради тоа, летот на линијата за Мајами бил одложен неколку часа бидејќи било неопходно да се обезбеди друг авион, па патниците наместо во вторник, во главниот град на Флорида пристигнале во среда наутро, со околу осум часа задоцнување, пренесува АП.

Компанијата Американ Ерлајнс објави дека вратите на пилотската кабина биле отворени пред овој инцидент на меѓународниот аеродром во Сан Педро Сула во Хондурас.

„Членовите на екипажот интервенираа и патникот на крајот беше уапсен од членовите на локалното обезбедување на аеродромот“, изјави портпаролот на авиокомпанијата.

Меѓутоа, како што дознава АП, властите на Хондурас денеска го ослободиле патникот-напаѓач бидејќи авиокомпанијата не поднела тужба.

„Нападот и агресијата врз пилотот и екипажот на авиокомпанијата не беа сериозни“, изјави портпаролот на канцеларијата за безбедност Едгардо Барахона и објасни дека обезбедувањето на аеродромот го уапсило напаѓачот и го предало на националната полиција,  која го однел во болница на серија тестови.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести