14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Во Австрија повторно нови и строги мерки

Меѓу мерките е и  задолжителна контрола во малопродажбата со пристап само на лицата вакцинирани или кои прележале коронавирус и обврската да носат маски FFP2 на отворено, ако се поблиску од два метри.

Во изминатото деноноќие се потврдени 11.516 новозаразени лица, а најголем пораст има во Виена, која поставува нов рекорд со речиси 3.500 нови случаи.

Сопствениците на мало се обврзани да проверат дали има докази за вакцинација или инфекција со коронавирус најдоцна при плаќањето. Правилото 2G, односно влез само за вакцинираните и оние кои го прележале вирусот, е на сила подолго време, а од денеска се задолжителни контролите.

Во случај на непочитување на контролите, сопствениците на продавници се соочуваат со казни до 3.600 евра, објави денеска јавниот сервис ОРФ.

Претставниците на малопродажните продавници се спротивставиле на контролите, бидејќи за мерката е потребен дополнителен персонал.

Затоа, во многу трговски центри, клиентите се проверуваат само еднаш на влезот, со што се избегнуваат проверки на влезот во секоја поединечна продавница.

На невакцинираните лица сè уште им е забранет пристап до продавниците кои не продаваат основни производи, како што се супермаркетите или аптеките.

Истовремено, стапи на сила мерката задолжително носење маски ФФП2, дури и на отворено, доколку растојанието меѓу лицата не е поголемо од два метри.

Маските FFP2 на отворено ќе остане на сила најмалку до 20 јануари, а членовите на исто домаќинство и блиските роднини се изземени од оваа мерка.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести