9.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

30 санкции за брзо возење во Скопје, 20 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, 12 мерки за возење под дејство на алкохол, 20 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се 12 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за возач почетник.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести