23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Еве за што се разговараа САД И РУСИЈА повеќе од 7 часа

Руско-американските преговори за стратешка стабилност завршија денеска во Женева, соопшти постојаната мисија на САД во Канцеларијата на ОН во Женева.

– Преговорите завршија нешто пред 17 часот – потврдил за агенцијата РИА Новости, прес-секретарот на мисијата, Џозеф Кружиќ. Руската агенција додава дека средбата траела околу 7,5 часа и се одржала зад затворени врати, а била направена кратка пауза само за ручек.

Спутник наведува дека, според видеото објавено пред почетокот на средбата, се гледа како претставниците на Москва и Вашингтон влегуваат во салата и седат еден спроти друг.

Потоа, шефовите на делегациите се приближуваат до знамињата за протоколарно фотографирање.

За време на фотографирањето, дипломатите држеле социјална дистанца и не се ни ракувале, додава Спутник.

Светските агенции претходно пренесоа дека руската делегација ја предводеле заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков и заменик министерот за одбрана Александар Фомин, а американската делегација од првиот заменик државен секретар Венди Шерман.

Во неделата навечер се одржаа прелиминарни разговори во форма на работна вечера.

Една од главните теми, додаваат медиумите, бил нацрт-договорот што Русија го достави до САД и нивните сојузници во средината на декември, а во кој е вклучено и непроширувањето на НАТО на исток.

Разговорите за безбедносните гаранции ќе се одвиваат во три фази – два дена по состанокот во Женева, на 12 јануари во Брисел ќе се одржи состанок на Советот Русија-НАТО и консултации за виенската платформа на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на 13 јануари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести