20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ДОКАЖАНО: Луѓето кои ги следи животите на познатите, се помалку интелигентен

Студијата објавена во BMC Psychology на крајот на минатата година тврди дека „постои директна врска помеѓу обожавањето на познатите личности и послабите резултати на когнитивните тестови“ мерејќи ја писменоста и математиката.

Студијата анализирала 1.763 возрасни Унгарци, од кои било побарано да положат тест за речник од 30 зборови и тест за замена на цифри пред да пополнат прашалник за да се утврди нивното ниво на интерес за познати личности.

Истражувачите откриле дека поголем интерес за животите на славните е поврзан со послаби резултати на двата теста за когнитивни способности.

Учесниците беа прашани и за нивните приходи, финансиска состојба и степен на образование за да се добие подетална слика.

Нејасно е која е причината и која е последицата

Сепак, истражувачите не можеа да утврдат дали луѓето кои опсесивно ги следат животите на познатите личности имале лоши резултати од тестот затоа што ги трошеле своите капацитети на содржини за познати личности или следеле таква содржина затоа што се помалку интелигентни.

Со други зборови, не е јасно дали обожавањето на познати личности е причина или последица на ниската когнитивна функција. Истражувачите велат дека се потребни повеќе студии.

Потребни се дополнителни истражувања

„Идните студии треба да бараат дополнителна потврда за нашата сугестија дека когнитивниот напор вложен во одржување на интересот за животите на омилените познати личности може да ја попречи работата на една личност во задачи кои бараат внимание и други когнитивни вештини“, изјавија истражувачите за PsyPost во неодамнешното интервју, известува index.hr.

„Иако нашето истражување не докажува дека развивањето силна опсесија со омилената славна личност предизвикува пониски резултати на когнитивните тестови, тоа сугерира дека можеби е мудро внимателно да се следи“.

Луѓето не се изненадени од резултатите

Иако некои можеби се чувствуваат лично нападнати од ова истражување, луѓето на Твитер не беа изненадени од резултатите од истражувањето.

„Мислам дека не беше потребна студија за да се утврди тоа“, напиша еден корисник на Твитер, а друг додаде дека она што го загрижува е што „луѓето кои ги обожаваат познатите личности никогаш нема да ја прочитаат оваа статија“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести