1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

После големите хаоси во Алмати стапи на сила полицискиот час

Полицискиот час ќе трае до 7.00 часот наутро, а властите апелираа до жителите на тој град да останат смирени и да не ги напуштаат домовите непотребно, пренесува Риа Новости.

Како што јавуваат локалните медиуми, истрели се слушале во предградието на Алмати, а станува збор, како што се наведува, за продолжување на „антитерористичката операција” што беше покрената синоќа.

Министерството за внатрешни работи на Казахстан не ги потврди наводите за борбите во предградијата на најголемиот град во Казахстан, за кои медиумите наведуваат дека се водат на сообраќајниот автопат Алмата-Бишкек веќе неколку часа во близина на градот Раџимбек.

Аеродромот во Алмати е затворен до дополнително известување, иако претходно денеска беше најавено дека ќе биде отворен на 10 јануари.

Ситуацијата во Казахстан синоќа се нормализира по неколкудневните немири кои прераснаа во крвави судири со полицијата.

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, претходно во своето обраќање до нацијата рече дека „издал наредба да се отвори оган врз терористите без предупредување”.

Протестите во Казахстан избија на 2 јануари во регионот Мангистау поради зголемувањето на цените на горивото, за подоцна да се прошират во повеќе градови, вклучувајќи ја и Алма-Ата, и прераснаа во масовни немири и грабежи.

Демонстрантите упаднаа во неколку згради на државни институции, меѓу кои и претседателската резиденција.

Според Министерството за внатрешни работи, во судирите меѓу демонстрантите и војската и полицијата загинале 26 лица, а повеќе од 1.000 луѓе се повредени. Уапсени се околу 3.000 лица.

Во Казахстан е прогласена вонредна состојба. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести