13.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Стејт департментот одобри доброволно заминување на дел од персоналот на конзулатот во Казахстан

САД соопштија дека им дозволиле на службениците во нивниот генерален конзулат во казахстанскиот град Алмати кои не извршуваат витални функции, како и на семејствата на персоналот на мисијата, ако сакаат да заминат, поради вонредната состојба во Казахстан.

„На 7 јануари 2022 година, Стејт департментот одобри доброволно заминување на вработените од Генералниот конзулат во Алмати и членовите на семејствата”, се вели во соопштението.

„Американските граѓани во Казахстан мора да бидат свесни дека насилните протести може сериозно да влијаат на способноста на американската амбасада да обезбедува конзуларни услуги”, соопшти Стејт департментот. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести