7.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Еве колкави се платите во Германија

Просечната бруто плата во Германија е 56.985 евра годишно, односно околу 4749 евра месечно, според извештајот на StepStone за платите за 2021 година.

Што се однесува до просечната плата, најдобар просек има во јужна Германија – Баварија во просек заработува 60.013 евра бруто, жителите на Баден-Виртемберг 60.182 евра, а Хесен дури 60.936 евра годишно.

Резултатите од онлајн платформата за вработување StepStone покажуваат и – одговорноста на персоналот се исплати, во вистинска смисла на зборот.

Со 66.130 евра бруто менаџерите добиваат во просек 16.500 евра повеќе од квалификуваните работници без кадровска одговорност.

И во професијата има големи разлики.

Лекарите имаат просечен годишен бруто приход од 100.762 евра, банкарите во просек добиваат 62.744 евра, а адвокатите 68.642 евра.

Продавачите, пак, заработуваат само околу 24.000 евра годишно, а медицинските сестри кои се грижат за стари и болни околу 39.600 евра годишно, пишува порталот Bildung.de.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести