13.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Еве колку пати неделно жените бараат да имаат секс

Многумина веруваат дека само мажите се оние кои најмногу иницираат секс и дека мислат на него.  Сепак, не живејте во заблуда. Истото го прават и жените.

Неодамнешна студија покажа дека 75 проценти од жените иницираат секс најмалку три пати неделно. Од над 5.000 испитани жени, 46,8 проценти се задоволни од својот сексуален живот, додека 53,2 проценти сакаат да имаат почести сексуални односи.

Кога станува збор за оргазам, околу 38,6 проценти од жените доживуваат климакс барем еднаш во секој сексуален чин, 23,8 проценти од нив често, 16,2 проценти повремено и 10,2% имаат редовни повеќекратни оргазми. Само 8,4 проценти од жените ретко доживуваат оргазам за време на секс со партнер, а само 2,8 проценти никогаш.

Студијата исто така потврдила дека најважната работа за жените да имаат добар секс е емоционална поврзаност, односно постоење на меѓусебни чувства. 53,2 проценти од жените мислат така, додека 23,6 проценти од нив ја сметаат предиграта како клуч за сè. Другите фактори вклучуваат комуникација (10,4 проценти), редовна сексуална активност (7 проценти), воведување на новини и разновидност (4 проценти).

Исто така беше откриено кои негативни фактори влијаат најмногу врз сексуалниот живот на жените:

Стрес (39,2 проценти);

Лоши партнерски односи (28,2 проценти);

Несигурност поради физички изглед (20 проценти) т.е.

Грижа за мали деца (11,8 проценти).

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести