7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Рио го откажа карневалот поради омикрон сојот

„Нема да има уличен карневал како оној што се одржуваше до 2020 година “, рече градоначалникот на Рио Едуардо Паес во живо на социјалните мрежи, наведувајќи ги тешкотиите во контролирањето на карневалските настани бидејќи расте бројот на заразени.

Ова го соопштил градоначалникот по средбата со претставниците на музичките групи, таканаречените блокови, кои учествуваат на уличниот карневал. Паес истакнал дека предложил одржување на настани во три различни делови на градот, но блоковите не го прифатиле тоа и имаат намера да му дадат контрапредлог.

Поворката на школите за самба на Самбодромот се уште не е откажана и ќе се одржи кон крајот на февруари. Уличниот карневал е откажан поради пандемијата втора година по ред. Според градската туристичка канцеларија Риотура, седум милиони луѓе учествувале на уличниот карневал во 2020 година.

Бразил, со околу 620.000, е втор во светот по бројот на смртни случаи од коронавирус по САД.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести