8.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Наставничка e уапсена, вакцинирала деца (ВИДЕО)

Полицијата потврдила дека Русо вакцинирала 17-годишен ученик во својот дом, иако немала правна основа за давање на вакцината, ниту одобрение од неговите родители.

Русо, кој предава биологија, е уапсена на новогодишната ноќ и доколку биде осудена и` се заканува затворска казна до четири години. Наводно, 17-годишниот ученик сакал да ја прими вакцината.

Би-Би-Си потсетува дека инјекциите можат да бидат опасни доколку се неправилно дадени. Лекарите и другиот квалификуван медицински персонал, исто така, мора да проверат дали вакцината не е фалсификувана, и  дека рокот не е истечен. Дополнително, здравствените работници мора да го прегледаат лицето што ја прима вакцината за неговата здравствена и медицинска историја и да ги следат нивните реакции по вакцинацијата.

Полицијата вели дека не е јасно како Русо ја добила вакцината и која била вакцината. Во моментов, вакцината Pfizer е единствената одобрена во САД за лица под 18-годишна возраст.

Се појавило и видео од контроверзната вакцинација, на кое Русо пред вакцинацијата му вели на ученикот: „Ќе бидеш добро, се надевам“.

„Еве ја, вакцинација дома“, додава тој.

Официјални лица велат дека родителите на ученикот повикале полиција кога тој дошол дома и им кажал што се случило.

Директорот на средното училиште Херикс, во кое е вработена Лаура Русо, во изјавата рекол дека наставничката била „отстранета од училницата и била прераспоредена додека ги чекале резултатите од истрагата“.

Лора Русо е обвинета дека се занимавала со медицина без потребните дозволи. Првото судско рочиште ќе се одржи на 21 јануари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести