spot_img
3.8 C
Skopje
четврток, јануари 6, 2022
spot_img

Автобусите на ЈСП 6,7 и 8 јануари ќе сообраќаат по неделен возен ред

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска (Бадник), утре (Божик) и в сабота, 8 јануари, сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии. Дежурни се три билетарници, а жичарницата ќе работи вообичаено.

ЈСП информира дека исклучок од неделен возен ред се линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 55, 55б, 56, 56а, 81, 118, 160 и 164, кои денеска ќе возат по саботен возен ред.

Дежурни од 7 до 19 часот се билетарниците на Транспортен центар и Зелен пазар, а од 7 до 13 часот е отворена билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата во овие три дена ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести