14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Во САД потврдени се 1.080.211 новозаразени во изминатите 24 часа

САД, кои се соочуваат со загрижувачкиот петти бран од Covid-19 предизвикан од омикрон варијантата на коронавирусот, пријавија во понеделникот светски рекорд со повеќе од милион заразени во еден ден, според пресметките на Универизтетот „Џонс Хопкинс“.

Здравствените власти потврдиле 1.080.211 новозаразени ширум САД во изминатите 24 часа.

Претходно од неделата, главниот советник на Белата куќа за здравствената криза, Антонио Фаучи, изјави дека бројот заразени во САД расте „речиси вертикално“.

Омикрон е доминантната варијанта на коронавирусот во САД на која отпаѓаат 59 отсто од случаите на зарази во седмицата која завршила на 25-ти декември, според податоците на Центарот за превенција и контрола на болестите (CDC).

Фаучи реле дека се надева оти сегашниот бран ќе го достигне врвот „за неколку седмици“ и тогаш ќе почне да попушта, како што се случи во Јужноафриканската Република.

Стапката на хоспитализираните во САД е многу помала последните седмици, откако што беше во претходните бранови на епидемијата. Бројот на починатите, исто така, е намален за 10 отсто во последните седум дена и изнесува 9,382 сметни исходи.

САД последната седмица пријавија 3,4 милиони новозаразени, што е во просек 486.000 на ден, според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Досегашниот рекорд во земјата изнесуваше 258.000 новозаразеи на ден, во седмицата од 5-ти до 11-ти јануари 2021 година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести