Еден од најбогатите луѓе во светот, претприемачот Бил Гејтс има свое предвидување кога се работи за светската работна сила.
Според него оние кои се занимаваат со наука, инженерство и економија ќе бидат барани во годините што доаѓаат.
Тој рече дека тие се „агенти на промени за институциите“.
„Основните знаења во науката, математиката и економијата ќе бидат клучни за постигнување кариера“, рече Гејтс.
„Треба да разбереме што прават и што можат, а што не можат“, рече ко-основачот на Мајкрософт.
За потсетување, богатството на Гејтс продолжува да расте и се проценува на 139 милијарди долари, а Џеф Безос и Илон Маск го претекнаа на листата на најбогати техно луѓе во светот.
