8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Белград со подобар огномет и од Дубаи (ВИДЕО)

Центар на новогодишната забава во регионот годинава беше Белград. Илјадници туристи од регионот решија продолжениот викенд да го поминат во главниот град на Србија и да бидат сведоци на најспектакуларниот огномет. Некои велат, поспектакуларен и од огнометите во Дубаи.

Дочекот на Новата 2022 година во Белград беше организиран пред Народното собрание и на шеталиштето Сава. Главни гости на новогодишната прослава беа Горан Бреговиќ и Бјело дугмe, кои одржаа концерт во Белград на вода. Но, сепак, регионот пишува за огнометот.

За пречекот во Србија извести и Вечерњи со текст со наслов „Огномет подобар од Дубаи, најдобар досега“.

Големиот огномет беше организиран со ласерска проекција, а беше проследен и со музика специјално составена за овој настан.

Спектаклот на небото на Белград траеше цели осум минути. Одбројувањето до Новата година се одржа кај Белградската кула.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести