Ја снимиле борбата за живот и смрт на два рептила, поточно борбата меѓу питон и кралска кобра. Видеото е снимено во областа Након Си Тамара и прикажува питон обвиткан околу црна кралска кобра додека таа му ги зарива отровните заби во вратот и на тој начин полека го убива.
Едната од двете змии се борела за живот, а другата сакала да си го задоволи гладот. .
Можно е кралската кобра прва да нападнала бидејќи овој вид е познат како оној кој се храни речиси исклучиво со други змии.
Како што може да се види на видеото, питонот давал отпор неколку минути, но поради отровот во телото немал премногу шанси. Тој полека умира додека кралската кобра цел го голтнала.
