-5.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Макрон: Западниот Балкан ќе биде приоритет за Франција

Приоритетите на Франција беа презентирани пред помалку од еден месец од страна на францускиот претседател, Емануел Макрон, на прес конференција во Париз. Зборот „проширување“ очекувано не беше споменат, но шефот на државата го смести Западниот Балкан заедно со Африка во неговите приоритети.

Нема да можеме да изградиме Европа на мирот во следните 50 години ако го оставиме Западниот Балкан како што е денеска, изјави на 9 декември Макрон и истакна дека во јуни ќе организира Конференција за регионот.

Иако деталите за конференцијата не се познати, познавачите на политиката на проширување на ЕУ сметаат дека оваа изјава е сепак знак на смелост со оглед на општиот отпор на француската јавност кон проширувањето.

Како што објаснува за МИА француската новинарка специјализирана во политиката на проширување и заменик уредник на Агенција Европа,

говорот на Макрон за француското претседателство во делот за Западен Балкан е помалку амбициозен во споредба со почетокот на неговиот мандат, но е чекор напред.

Тој сепак го спомена Западниот Балкан во своите приоритети, сметам дека е ова е добар знак, и дека со оглед на ситуацијата во регионот не смее ништо да не се направи, но ќе треба да се види што ќе биде и со внатрешната политика во Франција бидејќи има избори, објаснува Жесан.

Претседателските избори во Франција треба да се одржат во април, што значи дека голем дел од енергијата на земјата ќе биде насочена кон политичката кампања, а проширувањето е посебно чувствителна тема која би можела да им служи како оружје на ривалите на Емануел Макрон.

Валери Пекрес, кандидатката на десната партија „Републиканци“ и за сега најголема „опасност“ за Макрон според анкетите, отворено се изјасни против секакво проширување на ЕУ.

Таа пред еден месец изјави дека не само што ќе го стопира проширувањето на ЕУ, но додаде и дека ќе ги замрзне и фондовите за земјите од проширувањето. Иако таа ја спомена само Турција, според експертите е јасно дека употреба на „земји“ во множина јасно укажува дека таквата одлука би ја применила и на шесте земји од Западен Балкан. Впрочем, процесот со Турција е веќе замрзнат.

Жесан вели дека почеток на преговорите за време на француското претседателство, пред изборите, ќе биде веднаш злоупотребено од страна на другите кандидати во Франција, посебно доколку преговорите започнат со Албанија.

Во француската имагинација има поголем проблем со Албанија, со неоправданите барања за азил, идеите за „албанска мафија“, во колективната имагинација во Франција, Албанија претставува поголем проблем, за Северна Македонија не толку, објаснува новинарката за МИА.

Ова би требало од една страна да значи дека барањата на Бугарија за одвојување на  Македонија и Албанија немаат речиси никаква шанса да поминат, и не само поради отпорот на Французите кон Албанија, но и поради тоа што министрите на ЕУ се свесни дека таква одлука би се косела со принципот на заслуга на кој ЕУ постојано инсистира.

Жесан, која од блиску ги следи министерските совети за проширувањето, вели дека многумина се изморени од бугарската блокада и загрижени за кредибилитетот на ЕУ посебно во однос на  Македонија од која се бараа огромни напори и сите се исполнети.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести