Одлуката дојде еден ден откако властите објавија нов дневен рекорд од 21.657 случаи, баровите, ноќните клубови и рестораните ќе бидат принудени да се затворат на полноќ, со исклучок на новогодишната ноќ кога тогаш може да останат отворени до 2 часот по полноќ.
„Овие мерки, доколку се применат во целост, ќе ни овозможат од средината на јануари да се вратиме на нашите нормални животи“, рече на прес-конференција министерот за здравство Танос Плеврис. Властите, исто така, ги зајакнаа ограничувањата во минатата недела, наложувајќи маски на отворени простори и забранувајќи ги божиќните и новогодишните прослави на јавни места.
