На овој 44-годишен маж, кој работи како аналитички хемичар за фармацевтска компанија, му е оневозможено напуштање на државата до 31-ви декември 9999 година. Судот во Израел одлучил дека Хуперт месечно мора да плаќа 1200 фунти за двете деца сè додека не станат полнолетни.
Неговата поранешна сопруга Израелка се вратила во матичната држава во 2011 година, кога едното дете било 3 месеци старо, а другото имало 5 години. Хуперт една година подоцна дошол во Израел, а од 2013 година не може да го напушти и да патува, ниту од деловни причини.
Израелскиот семеен закон е критикуван поради неговата дискриминација кон жените. Министерството за финансии на оваа земја во 2018 година соопшти дека 43 отсто од разведените татковци одбиваат да плаќаат алиментација, а со тоа самохраните мајки се присилени да се ослонуваат на средства од државата.
Меѓутоа, Врховниот суд во 2017 година одлучил дека алиментацијата не секогаш е обврзувачка за татковците, особено во случај кога нивните поранешни сопруги заработуваат повеќе од нив.
Хуперт смета дека правосудството му забранило патување само затоа што бил во брак со Израелка како странец. Во препораките на Министерството за надворешни работи на САД, за оние кои сакаат да патуваат во Израел е истакнато дека израелските граѓански и верски судови „активно ја користат можноста да им забранат патување на поединци, вклучувајќи и нерезиденти, кои сакаат да ја напуштат државата сè додека не се решат правните постапки против нив“, пишува „The Guardian“.
