Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 409 случаи на КОВИД-19 од направени 4.751 тестирања. Оздравени се 289 пациенти, а починати шест лица. Од новодијагостицираните случаи, во Скопје се 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод – 9, Кичево и Гевгелија – по 8.
Продолжуваат апелите на надлежните институции граѓаните да се вакцинираат против КОВИД-19 со цел да се дојде до колективен имунитет и да се спречи ширење на мутации на коронавирусот. Досега во земјава има само еден случај на новиот сој на КОВИД-19, Омикрон, а епидемиолошкота состојба останува стабилна. Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 4.801 пациент. За време на новогодишните празници според надлежните не се потребни дополнителни рестрикции
Држави од регионот и светот пријавуваат рекорден број заболени со КОВИД-19. Повеќето од земјите почнаа со воведување позаострени мерки за заштита од проширување на коронавирусот во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Во изминатото деноноќие во Грција, како што јави дописничката на МИА, е регистриран највисок број дневни случаи на КОВИД-19 од почетокот на пандемијата со рекордни 21 657 новозаразени, од кои речиси 10.000 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.
Досега во Македонија се направени вкупно 1.581.175 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.739, бројот на оздравени пациенти е 211.021, на починати е 7.917, а бројот на активни случаи изнесува 4.801.
