Ова денеска го објави градскиот портал Subotica.com.
Стручните служби објаснуваат дека капките дожд замрзнале на дрвјата и бандерите, кои се уривале под товарот на мразот и поради натопената земја.
Паднати дрвја и бандери имало во самиот центар на градот, но и во околните населени места на северот од Бачка, а особено опасни биле оштетените електрични и телефонски кабли.Компанијата Чистоќа и зеленило вчера примила 52, а денеска уште дваесет повици, поради што нивните служби се постојано на терен.
Градските паркови во Суботица се затворени поради опасност од паѓање на дрвјата, пишува градскиот портал кој додава дека ваква слика од Суботица врзана за мраз не се памети.Градскиот парк е означен со црвена лента како крајно опасен, додека штетата само визуелно се проценува, бидејќи во паркот не влегуваат ниту вработените.
Нема податоци за количеството на врнежи, но мразот што се формирал на дрвјата, бандерите, автомобилите и каблите бил дебел најмалку два до три сантиметри.
