Затворени клубови
Од денеска затворени се сите клубови и дискотеки со исклучок на сојузните покраини Берлин и Хамбург. Овде се дозволени клубови, но танцувањето е забрането. Наместо тоа, дозволени се културни настани како изложби или литературни собири.
Од денеска се одржуваат спортски настани пред празни трибини. Собири на отворено се дозволени за до 200 луѓе но само со примена на дозвола за пристап на вакцинирани или оние кои го преживеале вирусот. Истото важи и за културните настани како кино или театар.
Овие мерки стапуваат на сила денеска во неколку сојузни покраини, други провинции веќе ги спроведоа овие мерки во последните денови.
Мерките на федералната и провинциската влада им дозволуваат на федералните провинции да воведат дополнителни мерки во случај на влошување на епидемиолошката состојба. Така, кината и театрите веќе се затворени во многу провинции во источна Германија, како и спортски објекти како што се базените.
Претходните мерки остануваат на сила
Остануваат на сила мерките за ограничување на пристапот до работното место и јавниот превоз само за вакцинирани лица, оние кои имале коронавирус или оние кои биле негативно тестирани, како и мерките за пристап до малопродажните објекти само за вакцинирани лица или оние кои прележале коронавирус.
Пристапот до угостителските објекти според правилата им е дозволен само на оние кои биле вакцинирани или кои прележале коронавирус.
Останува на сила забраната за продажба на пиротехнички средства, што ја потврди и Управниот суд во Берлин, со што ја отфрли тужбата на групата трговци.
Забраната за продажба на пиротехнички средства втора година по ред се објаснува со потребата од растеретување на здравствените установи поради големиот број повредени на новогодишната ноќ во последните години и со тоа ослободување на капацитетот за заболените од коронавирус.
Голем раст на инфицирани со омикрон
Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох забележа остар пораст на инфекции со коронавирус со новата варијанта омикрон. Забележани се 10.400 омикрони инфекции, што е зголемување за 45 проценти во споредба со понеделник.
Експертите од институтот стравуваат дека реалните бројки се многу поголеми бидејќи помалку здравствени канцеларии пријавуваат податоци за нови инфекции за време на празниците од вообичаеното
