6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Кафеански обвинители и министри, носат кафеанска правда

Не е тајна дека актуелната шефица на одделот за организиран криминал во Јавното обвинителство сака да посетува кафеани со разни сомнителни ликови.

Според нејзино признание знаеле во текот на некои повеќечасовни „заглавувања“ да си запеат и со Бојан Јовановски – Боки 13.

Јавноста, сепак разбра дека по кафеани и ручеци, Вилма Русковска си договарала и притвори и со предјадење и аперитив, без ниту еден доказ, озборувала кој ќе бегал, а кој не.

Во едно интервју, Русковска призна дека си била на ручек во кафеана со министерот во оставка Бојан Маричиќ и му кажала дека до нејзе стигнале оговарања дека било можно Сашо Мијалков да избега. Русковска ниту кажа од кого и се информациите, ниту дали има некаков доказ за нив ?

Затоа јавноста се срами и се прашува, зошто јавен обвинител би му нафрлал на министерот за правда секакви шпекулации ? Дали министерот е истражен орган или јавнот обвинител треба да си ги провери изворите и информациите пред да озборува и да постапува ? Дури и да имала докази, кои ги немала, дали очекувала насока од нејзиниот министер како да постапи и зошто кога министерот нема ингеренции во прогонот на криминал ?

Срамното признание на обвинителската Русковска не е исклучено да се базира на извори кои и се исклучително блиски, но без разлика дали станува збор за емотивна или материјална врска, крајно е непрофесионално и сомнителен мотивот истите информации да се шират и злоупотребуваат во постапки.

Врз основа на ваквите конструкции Русковска поднесе барање за куќен притвор и покрај тоа што поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков немаше пропуштено ниту едно рочиште во изминатите три години.

Очекувано доби поддршка од судот, а тоа што не беше извршена уредна достава преку медиуми кои имале контакти со неа, како и Боки 13, беше претставено како наводно бегство.

Истата формулација Русковска ја употребува и сега, откако Апелација одлучи да ја прифати гаранцијата со која што Мијалков можеше да се брани од слобода.

Откако нејзиниот пријател од ручеци по кафеани, Бојан Маричиќ одлучи да направи притисок врз судот и да ја смени волјата на судиите со критики врз нивната одлука, Русковска се најде повикана нејзиниот оддел да побара нов притвор за случајот „Плацови на Водно“, иако сите присутни имаа можност да слушнат дека во предметот практично никаде не се споменува Мијалков.

Во рок од неколку минути по објавата на Маричиќ, обвинителството срочи ново барање за притвор, а судот едвај дочека да го добие.

Освен небулозите со Израел, обвинителството наведува и правни формулации дека Мијалков бил во бегство, а нивната колешка Ленче Ристовска со резолуција преходно ја затвори истрагата и заклучи дека после сите преземени дејствија не можело да се заклучи дека ниту имало некаков план, ниту станувало збор за бегство.

Затоа се редат критиките кон начинот на кој што Маричиќ го води ресорот и неговите послушници ја делат правадата.

Професорката на Правниот факултет Гордана Силјановска за Инфомакс ги коментираше постовите на Маричиќ и нападите врз судот: „Не само што е скандалозно, туку и опасно. Во нормална држава, под притисок на јавноста, ќе си заминеше веднаш. Замислете, што прави како член на Судскиот совет, иако не гласа. Какмо можеше заедно со Кузеска, која се огласи во име на партијата (уште еден скандал) да знаат и да ги наведуваат имињата на двајцата судии од тројцата кои гласале „за“. Сирото „независно“ судство. Чинам дека во некои шарени револуционери се кријат егзекутори, како во времето на теророт по Француската револуција“.

Фактичката состојба на завршувањето на мандатот на Бојан Маричиќ вели дека Македонија е на 111 место на листата на Транспаренси, најниско досега. Македонија е хибриден режим, а довербата во судството е најниска. Јасно е дека Ковачевски нема доверба, ниту би ризикувал на Маричиќ да му довери нов мандат во министерството за правда, но останува да се види дали ќе ризикува да му даде можност да предизвикува скандали и во СЕП.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести