Поминале само дваесет дена откако САД го забележале првиот случај на инфекција со омикрон. Но, во неделата до 18 декември, омикрон сочинувал 73,2% од случаите, а делта 26,6%.
Експертот за заразни болести Ентони Фаучи изјавил за Си-Ен-Ен во неделата дека омикрон наскоро ќе го „преземе“ теренот поради неговата многу заразна природа. Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека случаите на омикрон се удвојуваат на секои 1,5 до 3 дена.
Во понеделникот во Соединетите држави бил потврден првиот смртен случај по инфекција со омикрон. Станува збор за маж на возраст од 50 години кој не бил вакциниран, имал здравствени проблеми и претходно бил заразен со Ковид.
Научниците сè уште не знаат точно колку е сериозна оваа варијанта во споредба со другите видови. Но, сметаат дека постои реална опасност од оптоварување на здравствениот систем.
Мајкл Остерхолм, директор на Центарот за истражување и политика за заразни болести, изјавил дека дури и ако омикронот се покаже помалку опасен, ние сепак „ќе имаме 20-30% од заразените здравствени работници, кои потоа нема да можат да работат“.
